Заев најави 21.000 вакцини од Фајзер до крајот на март: Направивме повеќе од доволно за имунизација на нацијата

Фото: Слободен печат

Премиерот Зоран Заев посочи дека до крај на март ќе имаме 21 000 Фајзер вакцини и не се работи за никаква несериозност туку единствената причина е недостатокот на количините. 

-Сакам да му гарантирам на нашиот народ дека имаме направено повеќе од доволно, за да ја имунизираме нацијата. Верувам дека денови се во прашање, и сите треба да се вакцинираме, истакна тој. 

Според него ќе треба еден милион народ да се вакцинира за да се постигне имунизацијата, за која би било потребно да има два милиона вакцини.

-Ние ако ги броите 800.000 Фајзер, 833.000 преку КОВАКС механизмот,  400.000 од Кина, 200.000 имаме нарачано од Русија, имаме дополнително од ЕУ согласно грантот од 70 милиони, донациите кои што дополнително ги најавија сите соседи стигаме до 2,5 милиони. Значи сме направиле исчекор повеќе за да ги фатиме сите механизми, сите алатки, да направиме договори, преддоговори, некаде дури и анекс да платиме се со конечна цел да преземе се што е неопходно. Јас верувам, како што реков пред некој ден, денови се во прашање, рече Заев на новинарско прашање во Штип.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот