Заев: Мицкоски е аутсајдер, a ВМРО-ДПМНЕ и на овие избори покажа дека е заробена од груевизмот

Зоран Заев, лидер на СДСМ / Јули 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Процесот на преговори за формирање нов состав на владата ќе почне веднаш по илинденските празници. Бројките се јасни, СДСМ и коалицијата „Можеме“ на овие избори обезбедија најмногу пратенички места, кристално чисто е кој го има мандатот, вели во интервјуто за А1он, лидерот на СДСМ Зоран Заев.

За него, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се „аутсајдери“ и според него, тие на предвремените парламентарни избори покажале дека имаат сериозни проблеми и дека се „заробени од груевизмот“.

Во однос на ниската излезност на граѓаните на изборите, Заев тврди дека за тоа има три причини: стравот од коронавирусот, времето на нивното одржување (сред лето) и црната кампања што ја водело ВМРО-ДПМНЕ. Заев ветува дека во август ќе биде заокружи изборниот процес и ќе бидат ставени во функција новото Собрание и новата Влада, а наесен веќе ќе има целосно активни институции.

На прашањрто дали се слушнал со Мицкоски по изборите и дали му понудил соработка во идната влада, Заев одговара:

– За жал Мицкоски повторно покажа дека нема никаква ниту политичка култура, ниту пак има капацитет достоинствено да прими пораз. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на овие избори доживеаја јасен и недвосмислен пораз на фер и демократски изборен натпревар.

Исто како и за локалните и за претседателските избори, така и сега кукавички се сокри во белата палата. На овие избори дури немаше храброст вечерта да излезе на прес-конференција и да го каже ставот за изборниот ден. Тоа само зборува за неговиот демократски капацитет, за неговиот вредносен потенцијал, но и за неговата општа култура. Мицкоски е аутсајдер, a ВМРО-ДПМНЕ и на овие избори покажа дека има сериозен проблем и дека е заробена од груевизмот.

Јас веќе реков, можам да разговарам само со оние кои недосвосмислено ќе потврдат и покажат дека ги напуштиле режимските политики, дека го поддржуваат патот напред по кој води СДСМ, оние кои се во исто време и за НАТО и ЕУ, и за економија и правда, и за едно заедничко општество.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот