Заев: Изборите се решение, а не проблем

Потребно е и одговорно е да се најде решение за изборите да се одржат пред почетокот на летото, најмногу заради здравјето на луѓето. Затоа, нашата, мојата порака е: изборите се решение, а не проблем. Спроведувањето на изборите бара внимателност и одгoворност од секој од нас, при што јасно е дека изборите се единствениот демократски механизам граѓаните да го вратат легитимитетот на законодавната и извршната власт, порача денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев од Струмица, каде одржа работна средба со кандидатите за пратеници од изборна единица 4.

Додаде дека изборите се потребни да се обезбедат целосно функционални институции, кои ќе го штитат здравјето на граѓаните и кои ќе обезбедат целосен рестарт на македонската економија. Затоа, изборите треба да се одржат во првиот можен термин, согласно законските можности и според состојбата со епидемијата. Повтори дека изборите треба да се одржат со сите мерки на заштита и без масовни настани.

Прочитајте и...  Премиерката на Нов Зеланд со поддршка за граѓаните во земјата кои протестираа за смртта на Џорџ Флојд

-Северна Македонија мора подготвено и со сто проценти капацитет на инстутициите да го дочека септември. Да бидеме целосно подготвени за уште поефикасно справување со последиците од досегашниот тек на пандемијата и со очекуваниот нов бран на вирусот, подвлече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Истакна дека СДСМ сака избори на кои ќе учествува опозицијата.

-Ние имаме силен демократски капацитет и како досега ќе направиме се опозицијата да си ја преземе својата одговорност. Заврши времето кога опозицијата, во тоа време СДСМ, дознаваше од телевизија кога ќе се одржат изборите. Се разбира, доколку ВМРО ДПМНЕ одлучи да го кочи овој неопходен демократски процес ние нема да имаме избор освен да ги почитуваме законските рокови за изборниот процес, рече Заев.

Прочитајте и...  Клуге: Наесен можен втор и посмртоносен бран на Ковид-19

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија уште еднаш аплираше до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита, бидејќи тоа е единствниот начин да се спречат пикови на заразата.

Прочитај повеќе

Шилегов: Се работи на сите сценарија за можен карантин во Скопје

Слободен печат

Тонино Пицула ќе биде известувачот на ЕП за односите со САД

Слободен печат

Респираторите донирани од Кралството Норвешка пристигнаа во државата

Слободен печат

Марибор: Сите ученици од едно одделение во карантин, ученик позитивен на Ковид-19

Слободен печат

Османи: Личната свест е најгoлема мерка и заштита

МИА Агенција

Турканици пред кумановскиот центар за социјални работи, граѓаните бараат информации за платежни картички

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Двајца загинати во рударска несреќа во Косово

Слободен печат

Нема позитивни кај вработените во градинките во Прилеп, Кривогаштани, Крушево и Македонски Брод

МИА Агенција

До 5, односно до 7 јуни, трае аплицирањето за финансиска поддршка за исплата на плата за мај

МИА Агенција

Ма каква корона, дојдете ни на матурска журка дома!

Братот на Џорџ Флојд повика на мирни протести: Јас не дојдов овде да дивеам (ВИДЕО)

Слободен печат

Скопска Апелација продолжи со одржување на јавните седници и расправи

Слободен печат