Заев: Безрезервна поддршка од Луксембург за европската иднина на Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев доби безрезервна поддршка од шефот на дипломатијата на Луксембург за европската перспектива на Северна Македонија.

– Благодарност за топлата средба и пречекот од нашиот домаќин тука во Луксембург, министерот за надворешни работи, Аселборн. Ми беше задоволство што се видовме и со драгиот пријател Флекенштајн, со кого имавме инспирирачки разговори за европската иднина на Северна Македонија. Жан, Кнут, ви благодарам за пријателството и безрезервната поддршка за Северна Македонија, напиша во објава на Фејсбук премиерот Заев ја предводи владината делегација која од денеска е во посета на Луксембург.


Заев, придружуван од министерот за финансии Фатмир Бесими, претходно  имаше работен состанок во Европската инвестициска банка во Луксембург на кој е договорено продолжување и унапредуваме на соработката преку конкретни проекти.

– Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе продолжи да инвестира во општествениот и економски развој на Република Северна Македонија со поддршка на проектите за побрзо закрепнување на економијата од последиците од пандемијата со ковид-19 со посебен фокус на малите и средни претпријатија, како и за проекти од Зелената агенда за инвестиции во обновлива енергија, енергетска ефикасност и дигитализацијата како дел од програмата што произлегува од Економскиот инвестициски план за Западен Балкан, е заедничкиот заклучок од средбата на премиерот Заев и министерот за финансии Бесими со претседателот на ЕИБ Вернер Хојер и со потпретседателката на банката Лилјана Павлова.

Заев и владината делегација се во дводневна посета на Луксмебруг, а предвидена е средба и со премиерот Ксавиер Бетел.

Заев: ЕИБ подготвува пакет за финансиска поддршка во пост-ковид периодот за рестарт на економијата и враќање на развојот од пред кризата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот