Заборавете на мастиките и ментол бонбоните: Овој напиток моментално ви го освежува здивот

Доколку и покрај редовното миење на забите, непријатниот здив и понатака ве измачува, пробајте го овој феноменален домашен препарат.

 

Понекогаш ниту одличната орална хигиена не е доволна да имаме долготрајно свеж здив.

 

Сепак, немојте да очајувајте, подгответе вкусен домашен напиток и вашиот свеж здив ќе биде и ваш заштитен знак.

 

 

Потребни состојки:

 

– 1/2 лажица цимет во прав

 

– 1/2 лажици мед

 

– сок од 2 лимони

 

– шолја врела вода

 

 

Сипете ги циметот и медот во сад и прелијте ги со врела вода. Мешајте добро додека медот да се стопи, а потоа додадете го лимоновиот сок. Потоа повторно промешајте, па напитокот сипете го во стаклена тегла и затворете го со капак.

 

Почекајте напитокот да се олади, па ставте го во фрижидер. Овој напиток најпрвин мучкајте го во устата, па потоа проголтајте.

 

Циметот и лимонот ќе ја дезинфицираат усната шуплина и ќе ги неутрализираат бактериите, додека медот ќе овозможи подобар вкус.

 

Покрај тоа што ќе ви даде свеж здив, овој напиток е и многу лековит и ќе го зајакне вашиот имунитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот