Забележан пад на цената на становите за 4,3 отсто

Станови / Фото: СП. архива

Во Скопје намалувањето изнесува 2,8 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Просечната цена на квадратен метар станбена површина поевтинила за 4,3 отсто во втората половина од минатата година во однос на првата половина, при што во Скопје намалувањето изнесува 2,8 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во Скопје, квадратен метар станбена површина во просек се продавал за 48.204 денари што е за 3,1 отсто повеќе во споредба со 2018 година, додека во останатите населени места во државата  просечната цена изнесувала 35.255 денари, или за 6,3 проценти повеќе во однос на 2018.

Наведените просечни цени на квадратен метар станбена површина се без данок на додадена вредност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот