„ЗАБАВНА ЗОНА“ | Георгиев: Коњите и јавачите имаат по 5-6 тренинзи неделно кога се подготвуваат за натпревар
Во третата епизода на „Забавна зона“ се дружиме со животните. Поконкретно, со едни големи, но мили и нежни животи. Фокусот во оваа епизода го ставивме на еден елегантен спорт во кој главна улога имаат коњите, а токму денеска ги запознаваме коњичкиот клуб „Бравадос“, кој се наоѓа во Волково.
Препорачано
Наша соговорничка во ова интервју беше Цеце Георгиев, која е инструкторка за јавање коњи во коњичкиот клуб „Бравадос“ и одблизу нè запозна со овој спорт, со неговите правила, рутината на коњите и многу други интересни податоци.
Коњичкиот клуб „Бравадос“ има и своја школа во која се изучува јавањето коњи како спорт, како и најразличните стилови на јавање. Исто така, кај нив се одржува и првенство во јавање коњи и други бројни натпревари.
Токму натпреварите во јавање коњи ги издвоивме како една интересна тема за разговор. Инструкторката детално ни објасни како изгледа целиот процес на подготовка на јавачот и на коњот за натпревар.
– Кај спортското јавање, тренинзите се одвиваат 5 до 6 пати во неделата, понеделник е слободен ден и за јавачите и за коњите, од вторник имаме лесно јавање, во среда работиме „мотки“ на земја, во четврток работиме кондициони тренинзи коишто се многу битни, како и за јавачот, така и за коњот, да отворат дишење. Во петок имаме гимнастика, во сабота имаме еден израз што ние го користиме – „ускакивање“, во недела се скока како мини-паркур и така ги одржуваме коњите во скокачка кондиција, а и јавачите исто така да се подготват за натпревар – изјави Георгиев.


