За ВМРО Груевски е оправдано отсутен

По кратко доцнење заради координација на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, почна седницата на Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања што ја води пратеничката Снежана Калеска Ванчева, која е заменик претседател на комисијата бидејќи претседателот Павле Богоевски поднесе оставка, а се расправа за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски бидејќи шест месеци неоправдано е отсутен од работата на собранието.

Пратеничката Невенка Стаменковска побара да се разговара за кршење на етичкиот кодекс во Собранието заради инцидентот поврзан со пратеникот Павле Богоевски, за што Калевска Ванчева рече дека пратеничите од ВМРО-ДПМНЕ не го имаат потпишано кодексот и оттука беспредметно е на него да се повикуваат.

Никола Мицевски координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ рече дека очекувале Калевска Ванчева да ја води седницата како претседател а не како заменик. За заменик претседателката рече дека формален предлог за оваа точна да се стави на дневен ред не е доставен по што се обиде да го стави на гласање дневениот ред. На ова Мицевски реагираше процедурално и рече дека тоа не е точно. По ова е отвори дебата на политички препукувања за бегството на Груевски.

Откако почна расправата, а пратеничката Стаменковска се повика на Декларацијата за човекови права и рече дека во земјава се живее во услови на притисок и репресии Груевски не е бегалец туку лице што има добиено политички азил во земја во која многу повеќе се почитуваат човековите права, рече пратеничката.

– Вие и вашите репресивни мерки не дозволувате Груевски да се пријавува како оправдано отсутен. Не се исполнети условите за одземање на мандатот на Груевски тој е спречен да го пријавува своето отсуство од пратеничката група на СДСМ – рече Стаменковска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот