За убиство на новинарката Лакиќ нуделе 200.000 евра

Државјанин на Србија, Јован Мирковиќ (38) е уапсен во Белград под сомнение дека со неколку лица го планирал убиството на Горан Словиниќ и Марко Љубиша во Будва, соопшти полициската управа на Црна Гора.

Интерпол од Подгорица го бараше врз основа на наредба од Високиот суд во Подгорица заради кривично гонење за кривични дела злосторничко здружување и за убиство.

– Мирковиќ е заведен во полициската евиденција како член на организирана криминална група која имала за цел да изврши тешки кривични дела, а постои сомневање дека заедно со неколку лица го испланирал убиството на Горан Словиниќ и Марко Љубиша во Будва во 2018 и 2019 година. Мирковиќ е уапсен врз основа на договор меѓу Црна Гора и Србија за екстрадиција на сопствените граѓани – велат од полицијата.

Јован Мирковиќ наводно е поранешен возач на наводниот водач на Кавачкиот клан, Слободан Кашчелан, кој беше уапсен во вторникот заедно со членови на криминална група.

Мирковиќ го „споил“ Бајрам Писта со таа организирана криминална група која според Писта,од него побарале да ги убие Марко Љубиша, Горан Словиниќ – Брала и новинарката Оливера Лакиќ.

Писта е уапсен на 29 април 2019 година. Минатата година тој одлучи да признае сè пред истражителите. Тој тврди дека му понудиле 200.000 евра за убиството на новинарката Оливера Лакиќ, затоа што таа видела некаква „тетратка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот