За тетовци 2023 година беше една од најлошите, економистите оптимисти, „најлошото е веќе зад нас“

Тетово/ Фото: МИА

Тетовци 2023 година ја окарактеризираа како една од најлошите на економски план. Годината помина со енормен раст на цените, платите и пензиите се зголемија, но незабележително во однос на растот на цените на производите, велат граѓаните. Дел од нив вината ја гледаат и во запоставеноста на производствениот сектор, особено земјоделството.

-Јас сум од Милетино, порано во моето село на пример имаше 1000 крави, сега нема ниту десет. Ние сме земјоделската држава, немаме ниту злато, ниту некоја голема индустрија, но земјоделието од година вгодина се запоставува, а ако немаме прозводство немаме практично ништо“, вели еден жител на тетовското село Милетино.

„Голема сиромаштија поминавме, има семејства кои што ги знам не знаат дали денеска ќе им стигнат пари за да купат леб“, додава една тетовка.

„Јас сум пензионер, замислете на функциониерите им се зголемија платите за 78 % , а ние во Тетово мислам на пензионерите земаме пензии најголемиот број од нас од 10 000 до 12 000 денари, како ќе егзистираш со тоа“, додава друг жител на Тетово.

Економистите сметаат дека и на микро и на макро економски план работите се подобруваат. Се предвидува намалување на инфлацијата затоа што Европа никогаш не била поснабдена со енергенси, но недостатокот на работна сила ќе биде еден од главните проблеми кој ќе ја кочи развојната компонента на економијата.

„Ќе продолжи парите да бидат скапи и поради ставот на централните банки затоа што ги држат каматните стапки прилично високо. Тоа е моментално ризикот за идната година, кој може да го предизвикува и инвестициите и потрошувачката. Во целина мислам дека во Македонија ќе се соочиме со веќе препознатлив предизвик а тоа е недостаток на квалитет на работна сила и човечкиот капитал отпаѓа од ден на ден“,изјави академик Абдулменаф Беџети.

Растот на платите е за поздравување оти се покажа дека тоа не влијае на инфлацијата која се зголемуваше пред се поради супер профитите на компаниите, додава Беџети.

„Интензитетот на покачување на платите е за поздравување, но тоа не се следи со продуктивноста и оттука може да биде инфлаторен проблем ако продолжи само растот на платите. Се покажа дека профитот на компаниите беа на прво место којшто акцелерираа интензитет на покачување на инфлацијата“, додава академик Беџети.

Печалбарите дојдени во тетовско за време на новогодишните празници значително ја раздвижија економијата во трговско – угостителските објекти.

Економистите истакнуваат дека во зависнот од годината, приливот на пари од печалбарите се движи од 1 до 2 милијарда евра. Со прометот кои го прават додека се дојдени дома, се покрива голем дел од трговскиот дефицит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот