За САД е зарочарувачки што Нетанјаху ја откажа посетата на Вашингтон

epa11243332 White House national security communications adviser John Kirby participates in the daily briefing at the White House in Washington, DC, USA, 25 March 2024. EPA-EFE/Chris Kleponis / POOL

Белата куќа  соопшти дека е многу разочарувачки што премиерот Бенјамин Нетанјаху ја откажа планираната посета на израелската делегација на високо ниво на Вашингтон, откако САД се воздржаа од гласањето во ОН со кое се бара итен прекин на огнот во Газа, објави „Ројтерс“.

„Тоа е разочарувачки. Многу сме разочарани што тие нема да дојдат во Вашингтон за да ни дозволат да водиме целосен разговор со нив за остварливи алтернативи за нивното влегување на теренот во Рафах“, изјави портпаролот на Белата куќа Џон Кирби.

Кирби истакна и дека политиката на САД не е променета и покрај одлуката да се воздржи од гласањето во Советот за безбедност на ОН.

Американски функционери сепак се сретнаа на одделни разговори со израелски претставници, но со министерот за одбрана Јоав Галант, за прашања како заложници, хуманитарна помош и заштита на цивилите во градот Рафах во јужниот дел на Газа.

Јоав Галант пред состаноците со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и советникот за национална безбедност Џејк Саливан изјави дека Израел нема морално право да ја запре војната во Газа додека не ги врати сите заложници во нивните домови.

САД не ставија вето на резолуцијата, како што очекуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, туку беа воздржани.

„Во мојот прв состанок со советникот за национална безбедност Џејк Саливан, јасно ќе ја објаснам важноста на падот на режимот на Хамас и враќање на заложниците во нивните домови. Ќе дејствуваме против Хамас насекаде, дури и во областите во кои не сме биле. Ние ќе создадеме алтернатива на Хамас за да можат израелските одбранбени сили да ја завршат својата мисија“, рече министерот Галант, пренесоа израелските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот