Во САД се планира марихуаната да се назначи како помалку опасна дрога

REUTERS/Eduardo Munoz

Во Америка марихуаната ќе се назначи како помалку опасна дрога. Американската управа за борба против дрогата (ДЕА) ќе ја промени класификацијата на марихуаната. Доколку предлогот на ДЕА мине низ законодавните лавиринти тоа ќе биде историска промена во повеќедецениската политика за дроги во САД која би можела да има последици низ целата земја, јавија американските медиуми.

Предлогот на ДЕА, што допрва треба да биде разгледан од Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, ќе значи признавање на медицинската употреба на канабисот, како и дека таа дрога има помал потенцијал за злоупотреба од некои од најопасните наркотици. Меѓутоа, со тој предлог нема веднаш да се легализира марихуаната за рекреативна употреба, пишуваат светските медиуми.

Ваквиот потег, изјавија денеска пет лица запознаени со ова прашање, ќе ја отстрани последната значајна административна пречка пред да стапи на сила најголемата промена на политиката на ДЕА во повеќе од 50 години.

Откако предлогот ќе биде потпишан од Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, ДЕА јавно ќе го коментира својот план марихуаната, која сега е класифицирана како дрога од класа I, заедно со хероинот и ЛСД, како дрога од класата III, покрај кетаминот и некои анаболни стероиди. По периодот на јавно коментарање, ДЕА ќе објави конечно правило, пренесе МИА.

Во октомври 2022 година, американскиот претседател Џозеф Бајден повика на ревизија на федералниот закон за марихуана и помилува илјадници Американци осудени на федерално ниво само за поседување на оваа дрога. Бајден, исто така, ги повика гувернерите и локалните лидери да преземат слични чекори за да ги поништат пресудите за марихуана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот