За репрезентацијата на Косово ќе игра Србин

twitter/Kosovan Football

Фудбалската федерација на Косово и официјално објави дека во националниот тим ќе настапува и Србија, Илија Ивиќ.

Станува збор за млад 17-годишен фудбалер кој е роден во Грачаница. Тој прво ќе биде дел од младата репрезентација на Косово, а потоа ќе биде приклучен и на сениорскиот тим.

Младиот Ивиќ веќе три години игра за екипата на Фљамуртари од Приштина со кој минатата сезона го потпиша првиот професионален договор.

– Повикот во репрезентацијата навистина ми значи, затоа што тоа е показател дека некој ги цени моите квалитети. Повикот е мотив за натамошен напредок – рече Ивиќ за косовските медиуми.

Интересно е што Ивиќ и минатата година имаше можност да настапи за младата репрезентација на Косово, но тогаш тој ја одби таквата можност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот