За овој специјален кондом ќе ви бидат потребни четири раце (ВИДЕО)

Аргентинската компанија за производство на сексуални помагала и кондоми „Tulipan“ измисли кондом за чие отворање се потребни четири раце.

Кондомот е наречен „кондом со согласност“, бидејќи целта на овој кондом е да ја истакне важноста на консензуалниот однос, односно согласноста на двете лица за сексуален однос.

Кондомот се наоѓа во картонско пакување на кое се четири копчиња кои мораат да бидат притиснати во исто време, значи, со два пара раце одеднаш, за пакувањето да се отвори и да се дојде до кондомот.

„Ако не е ДА, тогаш е НЕ“, стои на пакувањето на кондомот кој на пазарот треба да се најде подоцна оваа година, погледнете го видеото…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот