За карикатурата со Ердоган: Турција ќе го тужи „Шарли Ебдо“

Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Турција ќе поднесе тужба и ќе преземе одредени дипломатски чекори, откако францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“ на насловната страница објави карикатура со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, најави денеска турскиот Директорат за комуникации.

Турските државни медиуми објавија дека државното Обвинителство веќе отворило истрага против уредниците на „Шарли Ебдо“.

Политико: Нападите на Ердоган на Западот можат да му се вратат како бумеранг

– Нашите луѓе не треба да се сомневаат дека ќе ги преземеме сите легални и дипломатски чекори против спорната карикатура. Нашата борба против овие некултурни, злонамерни и навредливи работи ќе оди до крај, многу сме одлучни во тоа, се наведува во соопштението на Директоратот.

Претходно, високи турски владини претставници ја осудија карикатурата на Ердоган, истакнувајќи оти е „одвратен обид за ширење на културен расизам и омраза”.

Шарли Ебдо со нова шокантна карикатура: Ердоган во долна облека и гол задник на жена со хиџаб

На насловната страница на „Шарли Ебдо“, Ердоган седи во бела кошула и долна облека, држи пијалак и го подигнува здолништето на жена во хиџаб на која и се гледа задникот.

Минатата недела пак, како почит кон обезглавениот наставник по географија,  на владините згради во некои француски градови се прожектирани цртежи од Мухамед од сатиричниот весник Шарли Ебдо, светски познатиот поради исламистичкиот масакр во јануари 2015 година кога браќата Шериф и Саид Куачи упаднаа во редакцијата и убија 12 лица.

 

ВИДЕО: На згради во француските градови се прикажуваа карикатури од Мухамед од „Шарли Ебдо“

Не се смируваат односите меѓу Анкара и Париз, откако Ердоган повика на бојкот на француските производи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот