Политико: Нападите на Ердоган на Западот можат да му се вратат како бумеранг

Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција. / Фото: Профимедиа

Со повик за бојкот на француските производи, Турција покажува дека е подготвена да ги свитка своите мускули пред големата европска сила. И потврдувајќи ја својата подготвеност да го заштити исламот од согледуваната агресија на Франција, Ердоган исто така ја позиционира Турција како директен конкурент и на Саудиска Арабија (која е домаќин на светите места на исламот) и на Египет (кој е домаќин на џамијата Ал Азар, еден вид верски авторитет за сунитите Муслимани), анализира „Политико. еу“.

Шарли Ебдо со нова шокантна карикатура: Ердоган во долна облека и гол задник на жена со хиџаб

Ердоган сака да се прикаже како единствен заштитник на исламот и муслиманите против она што тој го претставува како постојана агресија на Европа. Религијата е средство за да се постигне целта. Турција сака да игра на истиот терен со Саудиска Арабија и Египет на геополитичката сцена на Блискиот исток.

На крајот на краиштата, Ердоган прави ризичен облог. Всушност, неговата стратегија ги има сите шанси да предизвика „повратен удар“.

Меѓународните инвеститори веќе ги распродаваат своите средства во турски лири  со брзо темпо, бидејќи сметаат дека геополитичките тензии стануваат експлозивни. Покрај тоа, во знак на солидарност со Франција, голем број земји од Блискиот исток – вклучувајќи ги ОАЕ и Саудиска Арабија – повикаа на бојкот на турските производи.

Не се смируваат односите меѓу Анкара и Париз, откако Ердоган повика на бојкот на француските производи

Европа и Америка се повеќе се фрустрираат со непостојаните декларации на Ердоган, неговото провокативно однесување и неговите обиди да се приближи до Русија. Силниот одговор на европските влади на сугестијата на Ердоган дека Макрон треба да направи проверка на менталното здравје, укажува на тоа дека кредибилитетот на турскиот претседател е сè помало.

Турскиот претседател е на опасен пат. Доколку кандидатот од редот на демократите Џо Бајден, кој во моментов води во анкетите, победи на претседателските избори во САД на почетокот на ноември, неговата администрација веројатно ќе заземе поостар став кон Турција отколку што тоа го направи Доналд Трамп.

Можно е во одреден случј да станат поверојатни санкциите на САД против набавувањето на руски ракети од страна на Турција, пишува „Политико“.

ВИДЕО: На згради во француските градови се прикажуваа карикатури од Мухамед од „Шарли Ебдо“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот