За една недела се направи повеќе отколку за една година: Бучковски е задоволен од развојот на дијалогот со Бугарија

Владо Бучковски/Фото: МИА

Поранешниот премиер и доскорешен специјален претставник на Владата за преговорите со Бугарија, Владо Бучковски, смета дека Скопје и Софија направиле повеќе во дијалогот и односите во една недела, отколку во изминатата година.

-Ова дефинитивно ќе води кон придвижување на односите и кон враќање на довербата, но ќе треба да почекаме за да ги видиме резултатите. Според мене, идеален рок во кој може да се дадат првите очекувања е првите три месеци. Ќе биде битно кој ќе влезе во работните групи, затоа што проблемите не се само политички, бидејќи двете општества реално се оддалечија едно од друго отколку пред 2 години. Ќе треба систематски мерки надвор од министрите, за да дојде до подобрување на климата, но ќе мораат да се вклучат сите, рече Бучковски во емисијата „24 анализа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот