За да се спасат албатросите: Масовен глувчомор на далечниот остров Марион

Јато срамежливи албатроси со гнезда на остров кај Тасманија - Фотографија ЕПА, Алекс Теродс

Со цел да се спаси загрозеното место за одмор и размножување на албатроси, пингвини, птици талкачи и преселници, на ненаселениот антарктички остров Марион ќе биде спроведена досега најобемната операција за дератизација.

Флота хеликоптери од Јужна Африка во 2025 година ќе тргнат кон ветровитиот остров 2.200 километри јужно од Кејптаун за да исфрлат зрна отров што ќе ги истреби суриите глувци на површина од 30.000 хектари. Само така, убедени се експертите, може да биде спасен домот на милиони ретки птици, вклучувајќи и една четвртина од преостанатите талкачки албатроси, кои се загрозен вид.

– Потребата е јасна и итна. Островот Марион не е населен, но е глобално важно гнездо на кое се размножуваат разни видови албатроси, четири типа пингвини и уште 28 разни други морски птици – вели Кит Спрингер, оперативен шеф на проектот „Марион без глувци“.

Домашните глувци пристигнале на островот пред речиси два века, на бродовите на ловци н фоки, но особено многу се размножиле во изминатите 30 години, кога условите биле топли и суви. Тие ги загрозуваат и јајцата на птиците, па и пилињата.

Сличен десетгодишен проект за дератизација успешно бил спроведен до 2018 година на Јужна Џорџија, каде што биле истребени глувците и стаорците што повеќе од 250 години го пустошеле антарктичкиот остров. Ненавикнати на стрвните соседи, птиците неселе јајца дури и во глувчешки дупки. Дератизацијата почнала во 2008 година и чинела повеќе од 10 милиони фунти. Последните отровни зрна биле фрлени пред две години, а состојбата била проверена од три обучени кучиња.

– На крајот на проектот, на Нова Џорџија повеќе немаше трага од глодари. Прв пат по два и пол века островот е ослободен од теророт на глувците – изјави водачот на проектит, Мајк Ричардсон.

Но, проектите не се секогаш успешни. Глодарите на островот Гог ја преживеале дератизацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот