За Арсенал нема спас, ново разочарување на „Емирати“! (ВИДЕО)

фото:твитер

Денеска во рамките од 15. коло во најсилното англиско фудбалско првенство составот на Арсенал повторно ги разочара своите навивачи откако загуби со 1:2 (0:1) од екипата на Брајтон.

После првото полувреме водеа играчите на менаџерот Потер со погодокот на Вебстер кој најдобро се снајде во казнетиот простор на „топчиите“ во 36. минута од средбата.

На стартот од вториот дел израмнија домаќините преку Лаказет после убавиот изведен слободен удар на Озил (50`) на стадионот „Емирати“ во Лондон.

Во 80. минута шок за тимот на Љунгберг, Муј го пронајде Мопе кој со глава ја смести топката во мрежата на Лено.

Се одигра уште еден меч во Премиер лигата, Њукасл како гостин со 0:2 триумфираше над Шефинд јунајтед со погодоците на Сент-Максимин и Шелви.

На табелата Арсенал кој од 6 октомври нема премиерлигашка победа се наоѓа дури на 10. место со 19 бодови, колку што имаат и Шефилд јунајтед на 10-та и Њукасл на 11-та позиција.

Брајтон кој ја прекина негативната серија од три порази по ред се искачи на 13. место со 18 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот