„WhatsApp“ не отстапува од својата политика за приватност на корисниците

unsplash

Компанијата „WhatsApp“ во сопственост на „Facebook“ соопшти дека ќе ги извести корисниците за нивната политика за приватност во „следните недели“.

Тие велат дека овојпат ќе обезбедат повеќе информации за промените пред да биде побарано од корисниците да се согласат на новите услови.

Во следните недели, ќе прикажеме порака во „WhatsApp“ со повеќе информации што луѓето ќе можат да ги прочитаат“, известуваат од компанијата.

unsplash

Вклучивме и повеќе информации за да се обидеме да ги решиме проблемите за кои имаше реакции. На крајот, ќе почнеме да ги потсетуваме луѓето да ги прегледуваат и прифаќаат овие ажурирања за да продолжат да ги користат услугите“, додатоа тие.unsplash

Политиката за приватност е истата што компанијата ја воведе во јанауари, што на крајот беше одложено по низата негативни реакции во јавноста.

Портпаролот на „WhatsApp“ потврди дека корисниците на крајот ќе мора да се согласат на новите услуги до 15 мај, кога ќе стапи на сила новата политика, пишува „Engadget

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот