Вујовиќ: Вардар без навивачи не е Вардар

Вардар во среда го игра првиот натпревар на домашен терен во лигата на шампионите/Скопје, Македонија/20 септември 2021/ фото: Слободен печат

Екипата на Вардар ги продолжува настапите во Лигата на шампионите, и во среда за прв пат ќе игра на домашен терен и тоа против Брест Мешков.

Вардарци во првото коло ремизираа на гостувањето кај Елверум, а тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ очекува тежок  натпревар.

– Во животот едно е сигурно, тоа е смртта. Ова е еден од натпреварите кои мора да ги добиеме, но тоа треба да се покаже на теренот. Не сакам да се жалам, но имаме одиграни четири натпревари за седум дена, а со дополнителни два, ќе одиграме шест натпревари за 12 дена. Вардар во овие моменти нема екипа да го издржи овој ритам. Не бараме оправдување, но последната недела немаме направено два нормални тренинзи. Треба да се надминене во дуелот со Мешков кој од година во година оди напред. Немаа скок како Вардар кој ја освои ЛШ, но се сигурен клуб, имаат добри играчи иако се се врти околу Скубе.
Вардар без навивачите не е Вардар, тое се виде на натпреварот со Загреб – вели Вујовиќ.

Тренерот на „црвено-црните“ смета дека клучот за победата против Мешков, која би била прва оваа сезона е одбраната.
– Слабост на Мешков се повредените ракометари, но тие имаат на сите позиции по двајца играчи. Силата на Вардар треба да биде во одбраната, не смеме да примаме лесни голови, Мора да го натераме Мешков добро да крвави за да даде гол. Мора да играме на мал резултат и тогаш нашите шанси се поголеми – додава Вујовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот