Вујовиќ ќе биде новиот тренер на Борац Бања Лука

Веселин Вујовиќ се надева дека Македонците ќе играат добар ракомет на Европското првенство/Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Легендарниот Веселин Вујовиќ ќе биде новиот тренер на Борац од Бања Лука, информира „oslobodnejne.ba“.

За истиот медиум потврди екс стратегот на Вардар 1961 дека ќе го води ракометниот клуб од Босна и Херцеговина.

– Се договоривме во наредните шест месеци да бидам тренер на Борац, иако се размислуваше и за подолга соработка. Доаѓам во екипа која сака подобри резултати, но и да се засили маркетиншкиот дел.

Борац е добар натпреварувачки тим, на прво место со Слога од Добој, тука е и Љубушки. Со неколку засилувања можеме да бидеме конкурентни и во Европа против Горење. Амбициите се освојување на двојната круна во БиХ – рече Вујовиќ кој своевремено ја водеше македонската машка јуниорска репрезентација.

Во тренерската кариера, покрај Вардар 1961, беше на клупата и на Металопластика, Партизан, Сиудад Реал, Ал Сад, Ал Шабаб, РК Загреб, РД Копер и Железничар 1949.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот