Фото: Александар Вучиќ, претседател на Србија / EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Вучиќ за „Ќациленд“: Следниве денови ќе видиме дали напаѓачот е терорист или убиец во обид

Претседателот на Србија Александар Вучич за РТС телевизија изјави дека направил се за да ја зачува стабилноста на Србија и дека во наредните денови ќе било познато дали напаѓачот во „Ќациленд“ е терорист или убиец во обид.

Тој оцени дека санкциите кои се воведени за фирмата НИС се дел од „хибридна војна“ против Србија и обид да се руши нејзината независна политика.

-Како претседател на Србија направив се да го зачуваме мирот и да ја зачуваме стабилноста. Санкциите за НИС и сите притисоци од различни страни на светот ја загрозуваат Србија веќе подолго време. Нашата слободна, независна и суверена политика мора да биде срушена. Тоа е тој хибриден напад на кој присуствуваме од почетокот, рече Вучиќ.

Зборувајќи за пукањето пред народното собрание претседателот на Србија рече дека „потполно е јасно кој е виновен“ тврдејќи дека се работи за обид за убиство а не за „експлозија на плинска боца или нешто друго“.

-Дојде човек и застрела човек, девет куршуми летаа во воздух. Потполно е јасно кој е виновен ама ако тоа не е некој од страната на власта, тогаш потребно е да се релативизира. Во јавноста вистината често се замаглува кога настанот не одговара на одредени политички наративи, истакна Вучиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот