Вучиќ: Странските сили ја уништија Југославија

Александар Вучиќ/Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Надворешниот фактор е клучот за уништување на Југославија. Ова го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, по повод денешниот 29 ноември, кој се смета за роденден на СФРЈ.

Тој истакна дека „е важно да се слушаме дури и кога размислуваме поинаку“.

– Кога го почнавме дијалогот, сите имаа можност, како и денес, да го кажат своето мислење. Знам дека не бевме „бели ангели“, но мислам дека надворешниот фактор беше пресуден за уништувањето на Југославија. Неодговорно е се да му се припишува на Милошевиќ, изјави Вучиќ во емисијата „Хит Твит“ на ТВ Пинк.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот