Вучиќ: Не смееме да ги потцениме заканите од Западот

Фото: Инстаграм/принтскрин

Српскиот претседател Александар Вучиќ на седницата за извештајот за напредокот на преговорите со Приштина денеска изјави дека геополитичката ситуација за Србија никогаш не била понеповолна и дека не треба „да се потценуваат потенцијалните закани што доаѓаат од Западот“.

„Ова не е прашање на љубов или идеологија, ова е прашање на опстанокот на нашиот народ и опстанокот на нашата земја“, рече Вучиќ во одговор на прашањата на пратеникот на „Двери“ Иван Костиќ.

Костиќ го праша претседателот Вучиќ дали верува дека постои можност државата да донесе нова платформа за преговори со Пришптина

Според српскиот претседател, “геополитичките околности се полоши, отколку што беа во изминатите десет или 15 години“.

Тој денеска истакна дека Србија не е во атлантските интеграции и не сака да влезе во НАТО, но љубоморно ја чува својата воена неутралност.

Вучиќ вели дека Србија не сака да влезе во НАТО, но ја чува воената неутралност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот