Вучиќ вели дека Србија не сака да влезе во НАТО, но ја чува воената неутралност

Вучиќ/ Фото: Milos Miskov / AFP / Profimedia

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска истакна дека Србија не е во атлантските интеграции и не сака да влезе во НАТО, но љубоморно ја чува својата воена неутралност, пренесува „Танјуг“.

На посебна седница на српскиот парламент на која се расправа за европскиот план, Вучиќ, одговарајќи на критиките на пратеникот од Двери, Иван Костиќ, посочи дека Србија е на пат кон Европската унија, но дека не е на пат кон Атлантска интеграција.

„Србија е на европскиот пат, а што се однесува до атлантските интеграции, Србија не сака да влезе во НАТО. Србија сака љубоморно да ја чува својата воена неутралност и да ја зајакне. Има разлика меѓу европска и атлантска интеграција“, нагласи претседателот.

Вучиќ во продолжение изјави дека никогаш со никого не преговарал за останување на власт, ниту пак ќе преговара со некого, бидејќи „го интересира само опстанокот и напредокот на Србија“.

„Никогаш нема да преговарам за да останам на власт, ме интересира опстанокот и напредокот на Србија“, рече Вучиќ во продолжението на дискусијата на специјалната седница .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот