Вучиќ ќе го одликува актерот Џони Деп со златен медал за заслуги за Србија

Српскиот претседател Вучиќ на средбата со холивудскиот актер Џони Деп / фото: Инстаграм

Славниот холивудски актер Џони Деп ќе биде одликуван во Златен медал за заслуги за Република Србија, за исклучителниот придонес за оваа земја, во нејзините напори за ширење и унапредување на локалната уметничка заедница. Џони Деп Златниот медал ќе го прими на Сретение, на 15. февруари, по повод Денот на државноста на Србија.

Славниот актер во Белград беше во октомври минатата година кога го промовираше анимираниот серијал „Puffins Impossible“, произведен во Србија, а креиран во студиото за производство на анимирани содржина Iervolino Studios (IES), а продуцент е Archangel Digital Studios (ADS) на Милош Биковиќ.

Благодарение на иновативната технологија и единствениот пристап кој го користат двете студија, во Србија за првпат се креирани анимирани содржини кои по начинот на производство и квалитетот може да парираат и на најголемите светски студиа за анимација.

Во серијалот „Puffins Impossible“  Џони Деп го позајмува гласот и карактерот на главниот јуник но и активно учествува во промоцијата на ова анимирано дело со кое локалната уметничка српска сцена се позиционираше на светската мапа на филмската индустрија.

Серијалот Puffins Impossible наскоро ќе биде достапен на најголемите светски стриминг платформи, меѓу кои се и Епл ТВ, Амазон Прајм Видео, Чили ТВ, ТаТаТу и многу други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот