Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Македонија, на седница одржана на 24 јануари годинава одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот познат во јавноста како „Титаник“.

„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, донесе пресуда КВП-КОК2-21/23, со која барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК-7/18 од 28.02.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ-53/22 од 18.05.2023 година, поднесени од осудените М.J. и К.М., ги одби како неосновани“, информираат денеска од Врховен суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот