ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Обилен дожд и невреме со силен ветер

Дождливо време / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Времето денеска ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни , над 40 литри на квадратен метар, прогнозира УХМР. Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, локално во форма на невреме со силен ветер со брзина над 70 километри на час.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд, повремено поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утре ќе дува засилен јужен ветер, а врнежи од дожд се очекуваат кон крајот на денот во западните делови. Потоа до средината на следната седмица ќе настапи стабилизирање на времето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот