Vlen / Vredi

Вреди: Ахмети повеќе не претставува никого, Албанците не се Газиместан туку горда нација

Ахмети денес повеќе не зборува како политички лидер, туку како некој што се дави во сопствениот јазик на омраза.

Шокирани, но не и изненадени, го слушнавме Али Ахмети како повторно избувнува со банален, навредлив и недостоен јазик за човек кој некогаш тврдеше дека ги претставува Албанците. Од „загарите“ до „газиместан“, овој срамен јазик е најјасен доказ за губењето на контролата, паниката и политичкиот крај на човек кој 20 години го третираше својот народ како приватна сопственост, соопшти Вреди.

-Ахмети денес повеќе не зборува како политички лидер, туку како некој што се дави во сопствениот јазик на омраза. Кога човек кој водеше две децении го нарекува својот народ „Газиместан“ и го навредува со „700 илјади мајки“, тогаш секој Албанец разбира дека овој човек повеќе не претставува никого, освен себеси и неговиот привилегиран круг – велат од Врреди.

Од таму додаваат дека Албанците од Северна Македонија, и оние што гласаа за Вреди и оние што гласаа за НАИ, не се „Газиместан“, туку се горда нација, која минатата недела, на 19 октомври, демонстрираше висока демократска зрелост и зборуваше со решителност за промени.

Го почитуваме секој глас и секој граѓанин што учествуваше во овој историски процес, бидејќи на 19 октомври албанскиот народ се ослободи од страв, притисок и политичка уцена.

-На 2 ноември, ќе славиме заедно и на секој агол бидејќи Албанците ќе победат во речиси сите албански општини. Оваа победа не е само за Вреди, туку и за сите оние кои одбија да живеат под политичкото и моралното понижување на структура која го изгубила секој осет за насока. Али Ахмети може да продолжи со навреди, но историјата е веќе напишана: Народот проговори и го испрати кон политичката бездна – велат од Вреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот