Вработените во Амазон во Велика Британија почнаа серија штрајкови

Фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Работниците во магацинот на Амазон во Велика Британија ќе штрајкуваат уште седум дена поради заострениот спор околу платите, објави денеска нивниот синдикат.

Членовите на Синдикатот ГМБ во магацинот во Ковентри, централна Англија, објавија дека повеќе од 350 работници ќе преземат нови активности на 28 февруари, 2 март и од 13 до 17 март.

Минатиот месец членовите на тој британски синдикат го организираа првиот штрајк против американскиот гигант на електронската трговија.

Шефовите на Амазон можат да ја запрат оваа акција доколку ја направат вистинската работа и преговараат за соодветно зголемување на платите со работниците, се наведува во соопштението на Синдикатот ГМБ.

За прв пат штрајкуваат вработените во Амазон во Велика Британија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот