За прв пат штрајкуваат вработените во Амазон во Велика Британија

Фото: Профимедиа

Работниците на гигантот во онлајн трговијата „Амазон“ (Амазон) во Велика Британија првпат штрајкуваат како дел од спорот за надоместоците, информира ДПА.

Членовите на синдикатот GMB во логистичкиот центар на компанијата во Ковентри ги поддржаа денешните штрајкови во знак на протест поради зголемувањето на платите за кое синдикатот вели дека е 50 пени (0,6 долари) на час, пренесе БТА.

Според претставниците на синдикатот, ова е прв штрајк на вработените во Амазон во Велика Британија. Според компанијата, само мал дел од нејзините работници во земјава ќе учествуваат во штрајк акцијата, при што во гласањето за штрајк ќе учествуваат „помалку од 1 процент“ од вработените, вклучувајќи ги и оние кои биле „против“. Амазон вели дека нуди конкурентна плата почнувајќи од минимум 10,50 фунти и 11,45 фунти во зависност од локацијата, како и сеопфатни бенефиции како приватно медицинско осигурување, животно осигурување, субвенционирани опции за оброци и попусти на вработените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот