Вработен во контролата на летање позитивен на Ковид-19

„Македонска навигација“ денеска на својата интернет-страница соопшти дека го регистрирале првиот вработен што е позитивен на Ковид-19.

-М-НАВ АД Скопје, го регистрираше првиот случај на вработен позитивен на корона вирусот Covid-19. Во насока на превенција од понатамошно ширење на вирусот, покрај интерните донесени мерки М-НАВ А.Д. Скопје постапи согласно насоките добиени од надлежните, ковид центарот и дежурниот епидемиолог. Во рамките на ова, покрај редовната извршена е и вонредна дезинфекција на работните простории од компанија која за тоа има одобрение од Министерството за здравство. Вработениот, како и сите утврдени ризични контакти се во самоизолација со соодветно издадени решенија- соопштија од М-НАВ.

Оттаму велат дека се донесени дополнително засилени мерки на заштита и превенција и дека максимално е ограничен пристапот на надворешни лица во објектите каде се сместени оперативните простории.

-Приоритет за нас во овој момент е континуитет во давањето на нашите услуги на безбеден и ефикасен начин и М-НАВ А.Д. Скопје уште поинтензивно ќе работи и придонесува на заштита на своите вработени кои се главен ресурс за обезбедување на ефикасни и безбедни услуги на воздухопловната навигација за сите корисници на нашиот воздушен простор. Менаџментот на М-НАВ будно го следи развојот на ситуацијата со цел преземање на неопходните мерки и во целост ги почитува препораките, заклучоците и мерките дадени од страна на Влада на РСМ и другите надлежни институции- додаваат од „Македонска навигација“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот