ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Палестинец влета со автомобил меѓу луѓе во Израел, го застрела минувач

Фото: Твитер / принтскрин

Палестинец денеска со автомобил влетал во толпа луѓе на улица во Ерусалим и повредил пет лица пред да биде застрелан од случаен минувач, соопшти полицијата. Претходно денеска, израелски војници убиле Палестинец за време на рација на окупираниот Западен Брег.

Израелските служби за итни случаи соопштија дека укажале помош на петмина повредени пред да ги однесат во болница, вклучително и 70-годишен маж кој е во сериозна, но стабилна состојба.

На социјалните мрежи се појави видео од местото, непосредно по бруталниот напад во Ерусалим, на кое е забележан моментот кога очевидец-цивил, кој носел оружје, го застрелува напаѓачот во автомобилот. Предупредуваме дека снимката е вознемирувачка и може да предизвика трауми кај дел од читателите.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека возачот на автомобилот, 30-годишен жител на источен Ерусалим, намерно се обидел да ги повреди цивилите.

„Овој терористички напад на ова место, во ова време, нѐ потсетува дека земјата на Израел и државата Израел беа добиени низ многу искушенија и неволји“, рече Нетанјаху.

Израелско-палестинското насилство се интензивира оваа година со чести оружени напади, насилство од страна на израелските доселеници и бројни палестински акции. Од јануари досега се убиени повеќе од 90 Палестинци и најмалку 19 Израелци и странски државјани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот