Возачи и пешаци повредени во две сообраќајки

Вчера во 18.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на булеварот „Босна и Херцеговина” и сервисна улица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(19) од Скопје, патничко моторно возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Д.(29) од Скопје и патничко моторно возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(56) од Скопје, по што удриле во тројца пешаци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобилa малолетничка-пешак, а со телесни повреди се здобиле уште две малолетнички-пешаци, како и возачите Ј.Д. и Д.Т., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, Градската општа болница „Св.Наум Охридски” и Градска општа болница „8-ми Септември”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 Истиот ден во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Христијан Тодоровски Карпош” и ул.„Ферид Бајрам” се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел зафира” со скопски регистарски ознаки управувано од Х.И.(26) од Скопје и патничко моторно возило „опел зафира” со скопски регистарски ознаки управувано од Р.Ф.(47) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Ф., а сопатникот од истото возило Ј.И.(35) од Скопје се здобил со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза”. Со телесни повреди се здобил и возачот Х.И. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”.

 

Тешко повредени тројца млади луѓе во сообраќајка на патот кон Тиквешко Езеро

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот