„Војна на цитати“ во Албанија, Љуљзим Баша со изјава на Зоран Заев се огласи на Твитер (ФОТО) – Слободен печат
ВестиМакедонијаРегион

„Војна на цитати“ во Албанија, Љуљзим Баша со изјава на Зоран Заев се огласи на Твитер (ФОТО)

Рама и Баша преку социјалните мрежи „водат војна“ на цитати.

По изјавата на претседателот на Демократската партија на Албанија, Љуљзим Баша, дека со неотварањето на преговорите Европа го одби Еди Рама, а не Албанија и оти неговата земја според примерот на Македонија треба да оди на предвремени избори, албанскиот премиер му „отвори војна“ со цитати на лидерот на тамошната опозиција.

Рама на неговиот профил на Фејсбук преку целиот вчерашен ден објавуваше фотографии со цитати на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на италијанскиот премиер Конте, на германската канцеларка, Ангела Меркел наспроти фотографијата на Баша. Тој и денеска продолжи да го цитира Жан Клод Јункер.

На истиот начин на Рама му возврати и неговиот политички противник Љуљзим Баша. Но тој избра да цитира изјава на нашиот премиер, Зоран Заев за предвремените избори по одлуката за неотварањето на преговори.

Лидерот на албанската опозиција на Твитер објави фотографија на македонскиот премиер на која стои и неговиот цитат на албански јазик: „Организирање на фер предвремени избори. Избори на кои вие граѓаните ќе донесете одлука и потврда за патот по кој треба да продолжи нашата земја”, стои на објавата на Баша.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close