„Воините“ во финалето на Западот (ВИДЕО)

EPA-EFE/LARRY W. SMITH

Голден стејт вориорс втора година по ред го елиминираат Хјустон рокетс во плејофот на НБА лигата. Минатата година, со триумфот „воините“ се пласираа во големото НБА финале, а овој пат влогот беше пласман во финалето на Западната конференција.

„Воините“ до четвртиот триумф во серијата со Хјустон  дојдоа до победата на гостински терен со 118:113. Во отсуство на Кевин Дурант, лидерската улога ја презеде Стеф Кари кој постигна 33 поени, сите ги даде во второто полувреме. Одлична партија имаше и Клеј Томпсон со 21 поен.

– Натпревар како овој не се случува без вербата која ја имам во своите квалитети. Знам како можам да играм на натпревари. Ова е кошарка, и јас ја играм од својата втора година – изјави Кари.


На спротивната страна, како по обичај, најдобар беше Џејмс Харден со 35 постигнати поени.
Противник на Голден стејт во финалето на Западната конференција ќе биде подобриот од одлучувачкиот седми натпревар помеѓу Денвер и Портланд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот