„Воините“ подготвуваат нов договор за Стеф Кари

twitter/Santa Cruz Warriors

Ол стар бекот на Голден стејт вориорс откри дека започнал преговори со управата на „воините“ за потпишување на нов договор. Кари исто така напомена дека сака кариерата да ја заврши во Голден стејт.

– Разговорите се во тек, се е ставено на маса. Очигледно е дека целосно сум посветен на екипата. Морам да го правам тоа што ми одговара на мене но и на клубот и се чувствувам благословено што сум во таква ситуација. Нормално дека сакам тука да ја завршам кариерата – изјави Кари.

Стеф Кари во 2017 година потпиша петгодишен договор вреден 201 милион долари, а според медиумите во САД, двете страни преговараат за нов тригодишен договор кој на одличниот шутер ќе му донесе неверојатни 156 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот