Водич низ роднинските односи: Дали знаете кој е шура, а кој е баџанак во семејството?
Македонскиот јазик е многу богат со термини кога станува збор за роднинските односи. Низ македонската историја, крвното сродство се сметало за света работа, а блиските роднински односи се чувале генерациски.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Нашиот народ ги има сочувано семејните традиции, па затоа Македонците користат термини за роднински односи кои не можат да се најдат во другите јазици, па дури и меѓу оние со словенскo потекло.
Доколку некогаш сте се прашувале која е золва, а која е јатрва во семејството, сега е време да дознаете.
Директни роднински односи на различни поколенија
Родители на детето — две личности од различен пол (татко и мајка), кои како последица на полови односи или посвојување добиваат потомци — деца.
Мајка — женски родител на детето (биолошка мајка)
Татко — машки родител на детето (биолошки татко)
Очув — мажот на мајката за нејзините деца од претходен брак
Маќеа — жена на таткото за неговите деца од претходниот брак
Син — машко дете на родителите
Ќерка — женско дете на родителите
Внук — син од ќерката или синот
Внука — ќерка на синот или ќерката
Правнук — син на внукот или внуката
Правнука — ќерка на внукот или внуката
Чукунвнук — син на правнукот или правнуката
Чукунвнука — ќерка на правнукот или правнуката
Дедо — татко на некој од родителите на детето
Баба — мајка на некој од родителите на детето
Прадедо — дедо на некој од родителите на детето
Прабаба — баба на некој од родителите на детето
Чукундедо — татко на прадедото на детето
Чукунбаба — мајка на прабабата на детето
Непосредни роднински односи од исто поколение
Брат — син од исти родители во однос на другите деца на тие родители
Сестра — ќерка од исти родители во однос на другите деца на тие родители
Полубрат — брат на другите деца само по татко или по мајка
Полусестра — сестра на другите деца само по татко или по мајка
Батко — постар брат
Дада — постара сестра
Брачни роднински односи
Чичко — брат на таткото
Стрина — сопруга на братот на таткото, не е во крвно сродство
Вујко — брат на мајката
Вујна — сопруга на вујкото, не е во крвно сродство
Тетка — сестра на таткото или на мајката
Тетин — сопруг на тетката, не е во крвно сродство
Роднински односи — прво колено
Братанец и братаница — син или ќерка од братот во однос на другиот брат или браќа
Внук или внука (од брат или од сестра) — син или ќерка во однос на тетката и тетинот, односно вујкото
Сестричник и сестричница — син или ќерка на една од сестрите во однос на другата сестра или сестри, односно брат или браќа на сестрата
Братучед и братучетка (братучеда) — син или ќерка на тетката, вујкото или чичкото
Брачни односи меѓу поколенија
Свекор — татко на сопругот
Свекрва — мајка на сопругот
Тест (дедо) — татко на сопругата
Тешта (баба) — мајка на сопругата
Зет — сопруг на ќерката или сестрата
Снаа — сопруга на синот, внукот или братот
Шура — брат на сопругата
Шурнајка — сопруга на братот на сопругата (сопруга на шурата)
Свеска (балдаза) — сестра на сопругата
Баџанак — сопруг на сестрата на сопругата
Девер — брат на сопругот
Золва — сестра на сопругот
Јатрва — сопруга на братот на сопругот
Сват — татко на сопругот на ќерката или на сопругата на синот
Сваќа — мајка на сопругот на ќерката или на сопругата на синот
Останато
Единец или единица — единствено дете на родителите
Посмртче — дете родено по смртта на неговиот татко
Посвојче — посвоено дете
Најденче — најдено дете чии родители не се познати
Копиле (навредлив термин) — дете на кое не му се знае таткото
Сирак или сираче — дете на кое му умреле родителите
Кум или кума — сведоци на брачниот пар при венчавањето или на детето при крштевањето
Кумче или кумичка — дете во однос на кумот кој го крстил
Кумашин и кумашинка — брачниот пар во однос на кумот кој ги венчал
Старосват (старејко) или старосватица (старејковица) — вториот сведок (покрај кумот) при венчавањето
Побратим — близок пријател со кого со усен договор меѓусебните односи се уредуваат како братски
Посестрима — блиска пријателка со која со усен договор меѓусебните односи се уредуваат како сестрински


