ВО ЖИВО: Еруптираше најголемиот активен вулкан во Европа, лава се шири насекаде

Фото: EPA-EFE/ORIETTA SCARDINO

Најголемиот активен вулкан во Европа, Етна, што се наоѓа на италијанскиот остров на Сицилија, денеска еруптираше и исфрли големи количества лава, чад и пепел од неговиот југоисточен кратер.

Според фотографиите и видеата на социјалните мрежи, лавата се шири во сите правци.

Според италијанските медиуми, релативно новиот кратер на југоисточната падина на вулканот исфрли „спорадични рафали” од лава и пепел.

Меѓународниот аеродром Катанија, што се наоѓа на 60 километри јужно од вулканот, се уште е отворен за воздушен сообраќај. Одлуката дали ќе биде затворен ќе ја донесе кризниот штаб, кој вечерва заседава.

Медиумите на Апенинскиот полуостров забележуваат дека аеродромот во Катанија досега главно бил затворан за време на ерупциите слични на денешните, бидејќи пепелта знаела да покрие поголем дел од градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот