Во Загреб ечеа усташки песни и поздрави, полицијата ги снимаше насобраните

На плоштадот Бан Јелачиќ во Загреб група мажи во униформи денеска го носеле знамето на Хрватските вооружени сили (ХОС) и го извикувала усташкиот поздрав „За дом подготвени“.

Повод за собирот било одбележување на 30. годишнината од основањето на ХОС.

Собирот го снимала полицијата, а насобраните ја пееле песната „За дом подготвени“, за усташкиот поздрав кој во текот на војната на просторот на поранешна Југославија го користеле припадниците на ХОС, пренесува Индекс.хр.

Пред два дена претседателот на Еврејската општина Загреб Огњен Краус, по повод Денот на сеќавање на Јадовно 1941 година, во име на илјадниците жртви кои настрадале под усташкиот поздрав „За дом спремни“, побара негова забрана, како и забрана на усташките обележја и негирањето на усташките злосторства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот