Во војната со такси губат и Косово и Србија

Денеска се навршува една година откако во сила стапија таксите на Приштина за српските стоки, прво во износ од 10 отсто, а по 12 дена и цели 100 проценти.

Мерката нанесе голема економска штета на двете страни од границата, но уште повеќе политичка, со оглед на тоа што го блокира дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Приштина се одлучи на овој чекор откако и беше одбиено членството во Интерпол, на заседание на Генералното собрание на оваа меѓународна полициска организација во Дубаи, пренесува Танјуг.

Иако економските ефекти се значителни, од почетокот беше јасно дека не се работи за економска, туку за пар екселанс политичка мерка, коментира „Политика”.

Идејата беше Србија да се примора да ја запре „кампањата” на Белград за повлекување на признавањето на косовската независност, и во текот на оваа година таквата дипломатска активност на Србија даде резултат и 15 земји кои го повлекоа признавањето на Косово, пишува весникот.

Таксите, меѓутоа, го блокираа дијалогот, но Приштина остана упорна, иако Брисел и Вашингтон, а потоа и речиси целата меѓународна заедница, бараа нивно укинување, очекувајќи, во исто време и Белград да ги запре напорите за повлекување на признавањето, потсетува „Политика”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот