Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати

Во Украина, до денеска, се водат како исчезнати 50.150 лица, објави на Фејсбук заменик-началникот на националната полиција на Украина, Андриј Нијебитов.

“Војната го промени опсегот на операциите за пребарување. Пред војната, 12.292 лица се сметаа за исчезнати за сите години на независноста. Од почетокот на руската инвазија, бројот на исчезнати се зголеми за четири пати. Денеска, 50.150 луѓе се уште се водат за исчезнати”, напиша Нијебитов.

Војната во земјата беснее веќе трета година и нема знаци дека наскоро и се ближи крајот. Путин тврди дека руската армија спроведува „денацификација“ но руските ракетни и артилериски напади не ја поштедија цивилната инфраструктура, а до сега во екплозии во цивилни квартови во големите градови на Украина загинаа голем број цивили.

Киев пак се обидува да го задржи налетот на својот помногуброен и подобро вооружен непријател за кого вели дека целта му е да заграби што е можно поголема украинска територија.

Земјата дава огромни напори соочувајќи се со недостаток на муниција што дополнително влијае врз моралот на одбраната.

Овој проблем настана откако републиканците во Конгресот ја блокираа помошта на САД за Украина вредна над 60 милијарди долари поддршка која ја иницираше американскиот претседател Џо Бајден.

Во моментов Русија напредува на источниот фронт трпејќи огромни човечки загуби но и загуби во оклопни возила и техника.

И двете земји ги кријат податоците за загубите кои ги претрпиле во повеќе од двегодишното војување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот