Во Тетово реките пред излевање, коритата на Пена и Поројска Река итно се прошируваат со багери

Реката Пена кај Тетово / Фото: Слободен печат

Зголемено е нивото на водите во реката Пена и во Поројска Река во Тетовскиот Регион, соопшти Центарот за управување со кризи.

Од страна на локалната самоуправа активиран е регионалниот штаб за справување со кризи и на кризните точки веќе се испратени два багера за расчистување и проширување на коритото на реката Пена во долниот дел од градот и од страна на „Водостопанство на Македонија – ПО Тетово“ се интервенира на Поројска Река на регионалниот пат Тетово – Јажинце, велат од ЦУК.

„Исто така, од сабота ќе се интервенира со два помали багера на коритото на Речичка Река кај наплатната рампа на автопатот Тетово – Гостивар и на другите критични точки. За настанатата состојба со подигнатото ниво на водите РЦУК Тетово е во постојана соработка со ДЗС Тетово и „Водостопанство на Македонија ПО – Тетово“, од каде што известија дека засега имало само помали излевања од каналите за наводнување и се работи на нивно чистење. Нивото на река Вардар во Полошкиот Регион е зголемено, но засега нема пријава за излевање. Состојбата се следи“, велат од ЦУК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот