Во тек се подготовките за Фестивалот на краток филм „Филмај 2022“

Конкурсот за учество на фестивалот на краток филм „Филмај“, организиран од фото-кино клуб „Козјак“ од Куманово, ќе биде отворен до 20 март. Според пропозициите на фестивалот, филмските автори може да пријават кратки филмови, кои може да бидат играни и документарни (не и анимирани), со траење до 20 минути и завршени по 1 јануари 2018 година.

Фестивалот веќе ги објави и членовите на жири-комисијата, која ќе биде во состав: Сезер Салихи (сценарист и режисер), Косара Митиќ (сценарист и режисер) и Филип Илиевски (член на фото-кино клуб „Козјак“).

Жирито ќе одлучува за наградата „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија, наградата „Радислав Ристевски“ за најдобра фотографија/ кинематографија, наградата „Koзјак“ за најдобрo сценарио и за наградата за најдобар македонски (домашен) филм.

Минатата година за најдобар македонски филм на „Филмај 2021“ беше прогласен „Неонски срца“ на Ана Јакимска, а прв добитник на истата награда беше филмот „Налепница“ на Георги М. Унковски, на второто издание на „Филмај“ во 2020 година.

Резултатите за наградените филмови на „Филмај 2022“ се планира да бидат соопштени на 2 мај 2022, а предвидено е фестивалот да се одржи на 27 мај 2022 во Куманово.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 118, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 26-27 февруари 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот