Во српска Гоша повторно се произведуваат вагони

Вагони илустрација/ Фото: Gottfried Stampfl Jun / Panthermedia / Profimedia

Во фабриката за шински возила „Гоша“ во Смедеревска Паланка е проектиран и изработен вагон за транспорт на контејнери. Овој тип на вагони за прв пат се произведува во Србија и е еден од најбараните товарни вагони во Европа и светот, соопшти РТС, пренесува Н1.

По пет години од стечајот и три години откако е во сопственост на „Желвоз“ од Смедерево, фабриката за шински возила „Гоша“ повторно произведува вагони. Од РТС наведуваат дека освен компанијата што го сертифицирала вагонот, во процесот на проектирање и производство учествувале само домашни компании.

„Тоа е интермодуларниот вагон „СГНСС“. По внимателна анализа на пазарот, се фокусиравме на овој производ, бидејќи има се повеќе барања за овој вид вагони и во Европа и на домашниот пазар, бидејќи транспортот на контејнери е нешто што е иднината на железничкиот транспорт,“ изјави Светозар Бугарин, генерален директор на ФЖВ „Желвоз“.

Интермодуларниот вагон е произведен во „Гоша“, а има можност да се модификува за транспорт на „ладилни контејнери“, за кои е потребно снабдување со електрична енергија. „Ова е можност што српската економија мора да ја искористи, не само во изградбата на железнички вагони, туку и воопшто.

Можам да кажам дека ваквите проекти се нешто што може да го подобри нашиот извоз и дека земјата Србија некако може да се позиционира на светскиот пазар“, додаде Бугарин.

Во фабриката за железнички возила „Гоша“ моментално работат околу сто работници, а поради проширување на производството се планира да се вработат уште толку луѓе. Месечно се прават меѓу пет и десет вагони, а како што велат во оваа фабрика очекувањата се да се произведуваат четири пати повеќе. Во 2019 година фабриката „Гоша“ ја купи „Желвоз 026“ од Смедерево за милион евра. „Гоша“ е во стечај од 2018 година, а му претходеа неколкумесечни протести и штрајкови на работниците, кои бараа неисплатени плати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот