Во Скопје 177 сообраќајни прекршоци, 23 за брзо возење

Сообраќајна полиција /фото: МИА

 Министерството за внатрешни работи  информира дека во засилени акциски контроли во областа на сообраќајот вчера на територијата на град Скопје се изречени 177 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкции.

Во денешното соопштение МВР наведува дека 15 санкции се за возење без возачка дозвола,  по две за возач почетник, и за некористење сигурносен појас, пет за користење мобилен телефон, девет за нерегистрирани и технички неисправни возила, 16 за прекршоци што ги чинат пешаците, две за минување на црвено светло, 35 за прекршоци што ги чинат возачите на велосипеди и моторцикли, 49 за непрописно паркирање.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот