Се буди ОГРОМЕН ВУЛКАН: Првата експлозија ќе биде катастрофална!

Ерупција на вулкан / Фото: Илустрација

Научниците заклучуваат дека треба да се следат активностите на вулканот Удина на Камчатка, Сибир, поради опасност од голема ерупција.

Овој вулкан до неодамна се сметал за изгаснат.

Проучувајќи ги податоците од сеизмолошките станици поставени на вулканот, стручњаците наведуваат дека потресите од есента 2017 се сè почести и нивната сила константно расне. Од мај до јули 2018 година во реонот на вулканот се регистрирани 559 земјотреси, а во февруари годинава регистриран е земјотрес со магнитуда 4,3 степени по Рихтер, најсилен досега.

„Кога вулканот долго мирува, неговата прва експлозија ќе биде катастрофална. Огромна количина пепел ќе заврши во воздухот, а тоа може да биде погубно не само за околните порачја, туку и за целиот свет. Рекол Иван Кулаков, директор на лабораторијата за сеизмолошка томографија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот