Во Шипковица загинаа двајца градежни работници

Шипковица Фото МИА

Денеска во 15 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека две лица додека изведувале градежни работи во тетовското село Шипковица, А.А.(63) од тетовско Селце и Џ.Ц(50) од Република Албанија се здобиле со тешки телесни повреди од кои починале говорат првичните информации на Секторот за внатрешни работи Тетово.

„Лекари од Итната медицинска помош констатирале смрт кај нив. Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово вршат увид и се утврдуваат сите поединости поврзани со овој случај.

На местото на несреќниот случај присутни се и тетовските пожарникари и претставници од Државниот трудов инспекторат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот