Во Сараево од Србија пристигнаа 10.000 вакцини „Астра-Зенека“ за граѓаните на Сараевскиот кантон

Фото: EPA-EFE/JOE GIDDENS / POOL

Авион од Србија со десет илјади вакцини „Астра-Зенека“ за Сараевскиот кантон денеска слета на аеродромот во Сараево, јави дописникот на МИА од Белгард.

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, кој пристигна во Сараево за да ги достави вакцините, на аеродромот во Сараево беше пречекан од премиерот на Сараевскиот кантон, Един Форто и министерот за здравство, Харис Враниќ.

Вчера, Владата на Србија одлучи да испрати донација од 20.000 дози вакцини „Астра-Зенека“ до Сараевскиот кантон како помош во борбата против ковид 19, кои се доволни за вакцинирање на десет илјади луѓе.

Првата тура пристигна денес, додека остатокот потребен за ревакцинација ќе пристигне кога тоа ќе биде потребно.

Претходно Србија на БиХ на почетокот на март и достави 5.000 вакцини од британско-шведскиот производител Астразенека, кои на аеродромот во Сараево ги врачи српскиот претседател Александар Вучиќ .

Српската влада обезбеди и 5.000 дози на руската вакцина Спутник Ве за имунизација на здравствени работници против коронавирус во Република Српска, што е резултат на договорот меѓу српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот